Двајца италијански научници - Франческо Фиќетола и Диего Руболини од државниот Универзитет во Милано, открија дека коронавирусот, односно Ковид-19, повеќе го сака ладното и суво време, а со позабавено темпо се шири на висока температура и висока влажност.

Резултатите од истражувањето кои што се објавени на интернет страницата medRixix, го креваат алармот кај земјите од јужната хемисвера на светот (опфаќајќи ја Јужна Америка, Јужна Африка, Аустралија и Нов Зеланд) каде што пандемијата би можела да удри уште посилно во наредните месеци.

Двајцата научници до ваквиот резултат стигнале откако го проучиле ширењето на Ковид-19 во повеќе од 100 земји како и помали места во целиот свет.

Според нив инфекцијата побрзо се шири на ниска влажност и просечна температура од 5 степени. Инаку, на висока температура и висока влажност на воздухот карактеристична за тропските земји, се чини, дека епидемијата се шири со позабавено темпо.

Најчитани вести