Македонскиот фудбалски репрезентативец Иван Тричковски е на делба на 9. место на листата на најдобри стрелци во Лигата на Европа (претходно Куп на УЕФА) во периодот од 1971 до 2019 година.

Ова е резултат на истражувањето на „Статиста“. Анализата покажа дека Иван Тричковски со своите 23 гола постигнати на средби одиграни во второто по ранг европско клупско натпреварување го дели 9. место заедно со Гркот Салпингидис, некогашната ѕвезда на бенфика, Оскар Кардозо, како и Алан и легендарниот Јуп Хејнкес. На врвот на оваа листа со 40 гола во ова натпреварување е Хенрик Ларсон.