Марија Шарапова на крајот на февруари објави дека и става крај на тениската кариера. Познатата Русинка денес е во Соединетите Американски Држави во самоизолација и очигледно и е досадно.

Изненадувачки Русинката јавно го објави својот телефонски број на социјалните мрежи и им порача на сите нејзини следбеници „да и испратат порака, ако сакаат да и кажат или да ја прашаат нешто“.

Сепак, Шарапова посочува дека на оваа идеја не дошла само за да „убие време“, туку тоа е идеја од еден конференциски повик минатата недела со 150 обожаватели. Тоа беше маркетиншки трик смислен од нејзините спонзори.