Во нива во Волково најдено мртво тело на 29-годишна скопјанка

22.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во нива во Волково најдено мртво тело на 29-годишна скопјанка

МВР соопшти дека денеска утрото во 09.50 часот било пријавено дека има починато женско лице во нива која се наоѓа во непосредна близина на последната автобуска постојка во село Волково.

На местото излегле полициски службеници и било констатирано дека се работи за лицето М.Ѓ.(29) од Скопје, а смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош. По наредба на Јавен обвинител телото на починатата било пратено на обдукција.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата