Тоа што годинешното издание на најпрестижниот тениски турнир на светот, Вимлброн нема да се одржи на организаторот му носи тешки финансиски минуси.

Според проценките, на конто на овогодинешната организација Вимблдон требаше да инкасира вртоглави 285 милиони евра, но сега сето тоа нормално оди во неповрат.

Од друга страна организацијата нормално чини исто така многу, а таа беше во полн ек се додека не се случи коронавирусот, па затоа организаторот сега преку осигурителните компании ќе напрали отштета. Според последните информации, истата ќе достигне цифра од 114 милиони евра.