Играчот на рускиот тим Урал, Андреј Панјуков даде интересна изјава во врска со кратењето на платите на играчите. Иако во целиот свет сите размислуваат за кратење на примањата на играчите, со цел да се спасат тимовите од банкрот, фудбалерот не се сложува со тоа.

„Би било добро да не ни ги чепкаат платите, затоа што не ни се многу. Во Спартак Москва може да им ги скратат на 40%, но тие земаат неколку пати поголеми плати од нас. Дури и кратењето на 70% на платите од Барселона нема да ги засегне толку, колку што ќе не удри нас. Ние ќе носиме големи последици“, рече Панјуков.

Инаку во Урал кондициски тренер е нашиот Иван Јовановски.