Филипе Кутињо летово ќе ја напушти Барселона и ќе се пресели во друг клуб. Бразилецот за 160 милиони дојде на „Камп Ноу“ од Ливерпул, но никако не можеше да се пронајде себе во тимот од Каталонија, па сега како позајмен игра во Баерн Минхен.

„Баварците“ се откажаа од него со оглед на цената која ја бараа, а таа беше нешто повеќе од 100 милиони, поточно 120 милиони. Претходно се споменуваше цена од 150, но тоа беше сулудо да се очекува дека некој ќе плати толкава цифра.

Јасно е дека после пандемијата на корона вирусот, цената на играчите повеќе нема да биде иста. Така сега за Барселона да го „откачи“ Кутињо, е подготвена да го продаде и за само 50 милиони евра. Потоа тие средства ќе ги намени за носење на Нејмар и Лаутаро Мартинез.