(Видео) Стјуардеса насмеа многумина со снимката на која покажа како работи од дома

4.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Стјуардеса насмеа многумина со снимката на која покажа како работи од дома

Стјуардеса покажа како работи од дома, а видеото насмеа многумина на социјалните мрежи.

Кристин Гилет, стјуардеса на WestJet, направи кусо видео на кое е прикажано како стјуардесите се справуваат со карантинот во време на пандемија на коронавирусот. Во скечот што го сними заедно со сопругот, комичарот и магионичар Вес Баркер, двојката се преправа дека е среде лето.

Снимката имаше речиси милион прегледи за неколку дена, а многумина ја пофалија двојката, која ги насмеа. „Јас сум стјуардеса… сцена во тоалетот… непроценливо“, е еден од коментарите.

„Како стјуардеса, можам да кажам само дека ова е точно и смешно. Половина работно време поминуваме кажувајќи им на патниците да не ја отвораат вратата од тоалетот“, е уште една од реакциите на снимката што предизвика многу насмевки на лице.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата