Мицкоски: Градоначалникот на Куманово ги молеше за карантин, НЕ САКАА НАВРЕМЕ ДА ГО ПОСЛУШААТ

3.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мицкоски: Градоначалникот на Куманово ги молеше за карантин, НЕ САКАА НАВРЕМЕ ДА ГО ПОСЛУШААТ

Суштината е како најбезолно да ја поминеме оваа работа со корона вирусот. Бројот на инфицирани од корона вирусот е се поголем. Денес имаме алармантен податок,  11 медицински лица се заразени. Ако се почитуваат протоколите и ако има доволно заштитна опрема, тогаш зошто толку многу медицински заболени и тоа само во Куманово, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на емисијата Само интервки на течевизија Канал 5.

Тој како случај за лошо справување го спомена случајот со Куманово каде со голема брзина расте бројот на заразени.

-Од кога апелираше градоначалникот на Куманово дека треба мерки, дека треба карантин. Па тоа не се случи. Тоа е нивни човек е и не го слушаат. Еве сега денеска излезе владата конечно и кажа дополнителни мерки, рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потсети дека партијата уште веднаш на самиот почеток предложи карантин и посебни мерки за Куманово.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата