Денешенниот број на Француски Лекип, пренесува сторија која се потпира за изјавата на Марсело Гаригу Грандшамп доктор во пензија, кој има теорија дека клучни за ширењето на коронавирусот во Европа се фудбалките мечеви од Лигата на шампионите.

Поточно, мечот Лион – Јувентус, веќе споменатиот Аталанта – Валенсија, но и мечот ПСЖ – Борусија Дортмунд.

„На мечот во Лион имаше навивачи на Јувентус дојдени од сите делови на Италија. Катастрофа. Потоа мечот во Милано, а секако и мечот ПСЖ – Борусија Дортмунд. Да, тој меч се играше без гледачи, но пред стадионот беа соблани илјадници навивачи на клубот од Париз“ – вели докторот Грандшамп.

Тој смета дека овие мечеви во никој случај не смееле да се одиграат.