Лани ова време, Вардар во Брест ја подигна петата шампионска титула во СЕХА-лига. Македонскиот тим во финалето го совлада ППД Загреб со 23-26 и ја продолжи доминацијата во регионалното натпреварување.

Покрај оние лекции за храброст, борбеност, тимска игра…вардаровите ракометари испратија силна порака, на дело покажаа зошто многумина тимови не можат со пари да ја купат хемијата која владее во Вардар долго време.

Првиот чекор го направи Стојанче Стоилов. Капитенот на „црвено-црните“ има срце како планина, несебично му дозволи на својот другар Игор Карачиќ прв да го подигне пехарот. Хрватот ги играше последните мечеви во дресот на „црвено-црните“, посака задачата која обично ја извршуваше капитенот да му припадне на него.

„Се договоривме со Столе до крајот да ги подигам сите пехари. Ова е моја последна сезона, а Столе како и секогаш покажа дека е голем, му благодарам за тоа“, изјави Карачиќ по финалето.

На оваа средба ракометарите на Вардар и сите во салата останаа без здив, Кристијан Дисингер пред крајот на првото полувреме со здоби со повреда, беше изнесен надвор од теренот и префрлен во болница. Не можеше да го следи мечот, а неговите соиграчи од соблекувалната му испратија порака на Германецот.

Medal Ceremony , Final Four – SEHA – Gazprom league, Brest,03.04.2019, Mandatory Credit © Uros Hocevar / kolektiffimages

Ова беше втората порака: Вардар е семејство, другарство, вистинска љубов…Сите заедно „гинат“, сите заедно тагуваат, заедно се сочувствуваат со секоја болка.

 

View this post on Instagram

 

♥️ @rkvardar 🖤 #SEHALeague #SEHAFinal4memories #SEHAFinal4 #Gazprom #experiencehandball

A post shared by SEHA – GAZPROM LEAGUE (@seha_league) on