ХАОС ВО КУМАНОВО: Краткото време кое им го даде владата создаде редици пред маркетите (ФОТО)

3.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ХАОС ВО КУМАНОВО: Краткото време кое им го даде владата создаде редици пред маркетите (ФОТО)

Владата донесе одлука за забрана и посебен режим на движењето на населението (полициски час) во општина Куманово, и тоа целосна забрана за време на викенд, почнувајќи од 21:00 часот во петок (денес) до 05:00 часот во понеделник.

Ваквата одлука на владата создаде паника кај кумановци кои краткото дозволено време за слободно движење решија да го искористат да испазаруваат во маркетите. Така во градот се создадоа колони возила и редици од луѓе пред маркетите со цел да купат доволно намирници за да може да го поминат дома викендот

Во работните денови, од понеделник до петок, забраната важи секој ден во периодот од 16:00 до 05:00 часот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата