КОЈ Е ГЛАВЕН! САД запленија и си ги земаа маските наменети за Германија

3.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
КОЈ Е ГЛАВЕН! САД запленија и си ги земаа маските наменети за Германија

Германските медиуми денеска објавија дека пратката од стотици илјади маски, купени од производители на 3М и наменети за берлинската полиција, била пренасочена кон САД додека била префрлена од авион во авион во Тајланд.

Берлинските власти потврдија дека околу 200.000 маски ФФП2, за кои Германија веќе платила, се запленети на аеродромот во Бангкок и не пристигнале на нивната дестинација. Овие маски одговараат на американскиот стандард за заштита N95.

Министерот за внатрешни работи во Берлин, Андерса Гисел изјави дека грабежот на маските е „чин на модерно пиратство и не е начин да се справиме со проблемот создавајќи тензии со трансатлантските партнери“.

„Дури и во време на глобална криза, нема потреба да се прибегнуваме кон методите на Дивиот Запад“, рече Гејсел.

Тој рече дека ќе се обрати до германската влада да побара од САД да ги почитуваат меѓународните правила.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата