Претседателството на германската ракометна Бундеслига, одлучи да ја продолжи суспензијата на сезоната 2019/20 поради исклучителни околности. Досега, лигата беше прекината до 23 април, но по последната средба донесена е одлука, суспензијата да продолжи најмалку до 16 мај.

Продолжението на сезоната и натаму целосно зависи од понатамошната динамика на пандемијата на коронавирусот. Ракометната Бундеслига и натаму ќе комуницира со клубовите за дополнителна детална проценка на сезоната, но и можното прекинување на сезоната, ако не се создадат нормални услови за продолжение и по оваа суспензија.

Примарната цел е да се продолжи со играње најдоцна до средината на мај со цел да се завршат превенствата.