Клубовите од Премиер лигата ќе побараат од играчите да прифатат намалување на платите од 30% со цел да ги заштитат работните места, бидејќи беше најавено дека сезоната нема да продолжи се додека „не е безбедно и соодветно да се стори тоа“.

Сите клубови се согласиле да ја стават предложената „комбинација на условно намалување“ на разгледување пред играчите.

Премиерлигата исто така на денешната средба реши да донира 125 милиони фунти за екипите од Чемпионшип, Лига 1, Лига 2 и Националната лига, плус 20 милиони фунти за Националната здравствена служба.