Германскиот шампион Баерн (М) денеска потврди дека Ханси Флик останува на тренерското место и во иднина. Имено, двете страни денеска ја продолжија соработката. Извршниот директор Карл-Хајнц – Румениге, директорот Оливер Кан и спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ се согласија со актуелниот предводник на баварците за предвремено продолжување на договорот до 30 јуни 2023 година.

„Баерн е многу среќен и задоволен од работата на Ханси Флик. Тимот се разви многу добро под негово водство и игра атрактивен фудбал, што се рефлектира и во резултатите. Ние сме единствениот германски клуб кој се уште е активен на сите три фронта. Ми се допаѓа и начинот на кој тој го води тимот, неговите човечки квалитети, неговата емпатија зборува за него. Баерн му верува на Ханси Флик и убедени сме дека ќе продолжиме да ги остваруваме нашите цели со него и во иднина“, изјави по отпишувањето на договорот, Румениге.