Англиската Премиер Лига нема да продолжи се до почетокот на мај, а ќе се врати само кога ќе биде безбедно и соодветно да се стори тоа. Ова беше официјално соопштено од страна на Лигата откако денеска имаше нова средба со клубовите.

„Датумот на рестартирање на шампионатот постојано ќе се разгледува како што ќе се развива влијанието на пандемијата со КОВИД-19 и ние работиме заедно во ова многу тешко време. Премиер лигата ќе соработува тесно со целиот професионален фудбал во земјава, како и со владата, јавните агенции и другите засегнати страни за да обезбедат заедничко решение“, се вели во дел од соопштението.

Засега, натпреварите во Националниот Куп остануваат и ќе се играат веднаш штом продолжи фудбалската активност во земјата. ФА Купот во моментов е во фаза на четврфинале.