Легендарниот стадион на тимот на Борусија Дортмунд, ‘Сигна Идуна Парк” од клубот најавуваат дека ќе стане центар за третмани на заболени од коронавирус.

Денеска ова и официјално го потврдија од клубот, со оглед на ситуацијата која владее во овој дел од Германија.

Многу тимови се понудија и обезбедија простор кој ќе биде пренаменет за потребите на заболените од коронавирусот, а еве сега во тој ред застана и Борусија Дормунд.