СЕ ИЗЛЕКУВА ЕЛЕНА, медицинската сестра која стана симбол на борбата против коронавирусот

3.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СЕ ИЗЛЕКУВА ЕЛЕНА, медицинската сестра која стана симбол на борбата против коронавирусот

Се излекува медицинската сестра Елена, чија фотографија снимена во болница во Кремона, кога после напорна работа, облечена во заштитна маска, ракавици и заштитно одело, заспала потпрена на компјутерска тастатура, го обиколи светот и стана симбол на борбата против коронавирусот во Италија.

Пет дена по фотографирањето, 43-годишната Елена се разболе, а сега се опоравува. По првиот, негативен тест, ја чека уште еден тест, а потоа таа може да се врати на работа.

Едвај чекам, изјави Елена пред новинарите.

Оздраве и бебето Беатрис, кое како новороденче се зарази со коронавирус. Родено на 11 февруари, девојчето е донесено во болницата во Бергамо на контрола неколку дена по раѓањето и беше откриено дека е заразено. Таа остана во болницата повеќе од 20 дена и нејзините родители Марко и Марта не можеа да ја видат својата новородена ќерка за тоа време. И третиот тест за коронавирус е негативен, така што бебето Беатрис може да се врати дома.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата