Ако им се верува на британските медиуми блиски до тимот на Манчестер Јунајтед, многу веројатно дека Шпнецот Саул Нигез ќе биде летната топ аквизицијат на тимот од “Олд Трафорд” .

Како што е добро познато, Јунајтед со сите сили ќе сака да се откаже од Паул Погба кој не покажа речиси ништо во дресот на “црвените ѓаволи” , а негова замена ќе биде Шпанецот од Атлетико Мадрид.

Нигез е еден од онаа плејада на млади и ултра талентирани фудбалери кои одиграа педесетина мечеви за младинските селекции на Шпанија, за да потоа заигра и за сениорите. Тој во меѓувреме стана главна алка во тимот  на Чоло Симеоне.

Јунајтед според пишувањата е подготвен да плати 80 милиони евра, што е речиси напола од клаузулата која е напишана во договорот на 25-годишниот играч за врска. Истата е поставена на 150 милиони евра.