Поранешниот светски рекордер во маратон, Кениецот Вилсон Кипсанг Кипротич е притворен бидејќи за време на карантинот, поради пандимијата од коронавирусот, наместо во својот дом, бил во бар заедно со локален политичар.

Кипротич кој во моментов има 38. години е одведен во затвор и против него ќе биде поднесена пријава. И Кенија строго се придржува до полицискиот час и карантинот, а тоа важи за локалните спортски хероји, и заслужни но несовесни спортисти.