Паркинг во Барселона претворен во импровизирана мртовечница

3.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Паркинг во Барселона претворен во импровизирана мртовечница

Затворен паркинг во Барселона е претворен во огромен, импровизиран додаток на мртовечницата во време кога градот се бори да се справи со бројот на починати од новиот коронавирус Ковид-19, пренесува РТ.

Погребалниот дом „Мемора“ ќе биде најголемата теренска мртовечница во Шпанија, со капацитет за речиси 2.000 ковчези.

Фернандо Санчез, директорот за комуникации на „Мемора“ во Барселона, рече во четвртокот:

„Имаме можност да го зголемиме капацитетот тука и во другите големи погребални домови што ги имаме низ градот, така што капацитетот ќе биде многу, многу голем“.

За споредба, две нови мртовечници поставени во Мадрид имаат капацитет само за 900 ковчези. Ковид-19 досега однесе 10.935 животи во земјата, посочува шпанското Министерство за здравство.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата