Поради намалените приходи од туризам, слоновите во Тајланд гладуваат

3.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Поради намалените приходи од туризам, слоновите во Тајланд гладуваат

Пандемијата на коронавирусот го загрози светот на туризмот, а странските медиуми пишуваат дека заради неможноста на туристите да го посетат Тајланд, слоновите гладуваат.

Според „Сан“, просечно околу 2.000 слонови гладуваат секој ден затоа што персоналот задолжен за нивна грижа нема средства ниту за своите трошоци ниту за да им обезбеди храна.

„Ако не добиеме поддршка да се грижиме за нив, овие слонови, од кои некои се бремени, или ќе умрат од глад или ќе бидат пуштени на улица да просат“, рече Лек Чејлерт, основач на фондацијата „Save Elephantт“ .

Селаните донеле 70 слонови на подрачјето бидејќи веќе не добивале пари од туризмот.

„Хранењето слонови е приоритет, но проблемот е во тоа што нема доволно шума за хранење“, рече Кери Мекреа, која води засолниште за слонови во северниот дел на Тајланд.

Тајланд ги затвори своите граници веднаш по објавувањето на пандемијата, па туристите не можат да ја посетуваат оваа земја.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата