Капитенот на Вардар, Филип Гачевски како и останатите играчи на Вардар, тренираат секој сам под посебна програма, во очекување да стивне пандемијата со корона вирусот, и екипата да се врати на групните тренинзи.

Додека е оваа неочекувана пауза, Гачевски вежба, трча на Водно…

„Оваа пауза дојде неочекувано, но што да се прави. Здравјето на луѓето е во преден план. Тренираме секој сам, мора некако да се одржува во форма. Верувам дека сите имаат проблем, но што е тука е. Не можеме ништо, освен секој сам да тренираме по дома, да вежбаме, да трчаме индивидуално. Јас тренирам во вежбалница, трчам, така ја одржувам формата“, рече Гачевски.

Во однос на продолжување на сезоната, Гачевски се оптимист дека истата ќе продолжи…

„Јас како и сите играчи нормално посакуваме сезоната да продолжи, но повторно ќе кажам на прво место е здравјето на луѓето. Додека не се создадат услови не може да се продолжи. Сакаме да ја завршиме оваа сезона во голем стил, со титула на крајот, и верувам дека така ќе биде. Сега во моментов не ни преостанува ништо друго освен да тренираме сами и да чекаме на добри вести. Кога ќе има можност за тренинзи, да тренираме малку и потоа да почнеме со фудбал. Секако дека ни недостасува и на мене и на моите соиграчи“, дополнува голманот на Вардар.