Играчот на Баерн Минхен, Жером Боатенг направи проблем. Не само што го прекрши карантинот зададен од тимот на Баерн, туку за време на истиот направил и судар со својот афтомобил.

Боатенг, како што пренесува денешен Билд, го напуштил својот дом во Минхен, и заминал за Лајпциг каде што се наоѓал неговиот син. Да биде проблемот уште поголем, на враќање од таму направил судар.

„Знам дека е голема грешка но барам казната да биде праведна. Знам  дека е голема грешка што не јавив во клубот дека заминувам, но на мојот син не му беше добро. Во таква ситуација немав друга опција„ – изјави Боатенг.