Коронавирусот удри и по оваа професија: Стотици илјади проститутки во Германија СТАНУВААТ БЕЗДОМНИЧКИ

3.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Коронавирусот удри и по оваа професија: Стотици илјади проститутки во Германија СТАНУВААТ БЕЗДОМНИЧКИ

Пандемијата на коронавирус се одразува и на илјадници странски проститутки во Германија кои, речиси преку ноќ, станаа бездомнички откако тамошните власти ги затворија инаку легалните бордели.

Дополнителен проблем е што поради строгите рестриктивни мерки, тие не можат да се вратат во своите домови.

Германија е земја каде борделите се легални повеќе од две децении, но минатиот месец сите требаше да бидат затворени, како и останатите несуштински бизниси, како што се ноќни клубови и ресторани.

За мене, ова е катастрофа, изјави полска проститутка која работи во градот Бохум, која на клиентите им е позната како Никол, пренесува „Јутарњи лист“.

Од средината на март немам примања и немам каде да спијам, вели таа.

Пред кризата, Никол му плаќала на борделот 97 долари днавно за таму да преноќи и да прима клиенти.

Сексуалните работници во Германија главно се самовработени и сами плаќаат даноци. Теоретски, тие би можеле да бидат вклучени во мерките на германската Влада за помош на самовработените, но не е познато дали тоа ќе се случи.

Дополнителен проблем се оние кои со проституција се занимаваат илегално, која пак, во моментов е во пораст. Многу од нив пружаат услуги на германските улици, што претставува голем ризик во време на пандемијата.

 Побарувачката за платен секс и натаму е многу голема, и покрај ризикот од вирусот. Некои жени едноставно го презимаат тој ризик за да преживеат, изјави Хелке Котнер од добротворната установа Мадона, во Бохем, која и претходно им помагала на сексуалните работници и работнички.

Според одредени проценки, Во германија има меѓу 100.000 и 200.000 сексуални работници. Околу 80 отсто од нив се странци, главно од Бугарија, Романија, Полска и Украина.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата