Вонредната состојба во Италија најверојатно ќе биде продолжена до почетокот на мај

3.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вонредната состојба во Италија најверојатно ќе биде продолжена до почетокот на мај

Вонредната состојба во Италија воведена поради епидемијата на коронавирус, судејќи по сè ќе биде продолжена до почетокот на мај, најави началникот на Агенцијата за цивилна заштита, Анџело Борели, пренесува „Ројтерс“.

Италијанската Влада донесе одлука да ја продолжи вонредната состојба до 13 април, а тоа значи дека се ограничува движењето на луѓето и дека се затворени сите фирми кои не се важни за снабдување на населението.

Зборувајќи во емисија на националното радио РАИ, Борели ја најави можноста мерките да бидат продолжени до 1 мај.

„Мора да бидеме ригорозни“, предупреди Борели.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата