Телма: 11 лекари позитивни на Ковид-19 во Кумановската болница

3.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Телма: 11 лекари позитивни на Ковид-19 во Кумановската болница

Новозаразени се 11 здравствени работници од кумановската болница во изминатово деноноќие дознава Телма. Оваа информација ја потврдува и директорката на болницата Снежана Захариева.

Тројца од заболените од корона вирусот се од одделението за рендген, тројца од хирургија, една сестра од гинекологија, еден болничар од инфективно и еден специјализант од инфективното одделение.

Според информациите на Телма медицинарите од рендген се заболени во болницата каде веќе имаше позитивни случаи на пациенти. Од хирургија се работи за двајца кои биле во Холандија и цело време биле во карантин, а и уште едната заболена најверојатно е од нејзиното семејство и веднаш кога се појавиле симтомите била испратена дома. 

Останатите најверојатно се заразени на работното место. Според информациите од болницата еден пациент е итно пренесен во болницата 8 ми септември во скопје но најверојатно е пшочинат а дополнително ке се истражува дали се работи за заболен од корона вирус.  Инаку директорката на болницата очекува помош од други здравствени институции од земјата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата