Сораја ќе се мажи. Еве кој НЕ СМЕЕ ДА ДОЈДЕ НА СВАДБАТА

3.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сораја ќе се мажи. Еве кој НЕ СМЕЕ ДА ДОЈДЕ НА СВАДБАТА

Манекенката, фотомоделот и инфлуенсерката Сораја Вучелиќ се подготвува за мажење и свадба со 37-годишен бизнисмен со српско потекло.

- Сораја не се откажува од својата свадба и покрај епидемијата на корона вирус. Таа и нејзиното момче се оптимисти дека за два месеци ситуацијата ќе се смири и дека нема да мора да ги менуваат плановите. Претходно оваа година, тие резервираа ексклузивен ресторан во Москва за свадба - открива нивни пријател за српските медиуми додавајќи дека избраниот на Вучелиќ и забранил да ги покани своите другарки на свадбата.

- Сораја ми рече дека нејзиниот вереник не ги поднесува нејзините пријателки. Според него тие се пијавици кои ги искористуваат нејзините емотивни партнери. Овој став и зборови на идниот сопруг на Сораја биле причина тие претходно и да ја раскинат врската кога Сораја, налутена, со клешти го пресекла прстенот вреден 200.000 евра кој го добила од него како подарок. По само една недела пауза тие ја обновија врската и Сораја тогаш се согласила да се откаже од свадбена покана за нејзините пријателки.

- Иако сè уште не се венчани тие интензивно работат на забременување на Сораја. Нејзиниот свршеник едвај чека да има дете, а Сораја би била најсреќниот човек на светот ако му роди син - заклучил изворот, додека Вучелиќ за кратко рече за истиот весник:

- Навистина не е време да зборуваме за овие работи во време кога целиот свет се распаѓа заради корона вирусот и кога луѓето стравуваат дека ќе се заразат. Во овој момент, можам само да им кажам на луѓето да останат во своите домови за да го стопираат ширењето на короната што е можно поскоро.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата