Кривична пријава против вработени во Комуналец кои закопуваа живи кучиња во Пехчево

22.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кривична пријава против вработени во Комуналец кои закопуваа живи кучиња во Пехчево

Од здружението за заштита на животните „Анима мунди“ информираат дека заедно со неколку други здружениja поднеле кривична пријава за случајот со затруени кучиња, кои потоа беа живи закопувани во Пехчево.

Пријавата на „Анима мунди“, здружението за заштита на животните и животната средина „ЕДЕН“, Daisy Family Rescue i Helping strays in Ohrid, Macedonia е поднесена против: Непознати сторители вработени во Комуналец – Пехчево; ЈКП Комуналец – Пехчево и општина Пехчево.

„Постои основано сомнение дека на ден 19 и 20 февруари годинава околу пладне во Пехчево, непознати лица вработени во ЈКП Комуналец, со помош на вили и градежна механизација подигнувале од улица, а потоа и затрупувале со земја, живи бездомни и домашни кучиња, кои претходно биле затруени. Од видеоматеријалот во јасно се гледа дека неколку кучиња – домашни миленици и бездомни, собирани со вили, а со помош на градежна механизација се фрлени во дупка и видно грчејќи се во агонија предизвикана од отровот, немаат можност да избегаат, со што се осудени на сурова и мачна смрт“, велат од „Анима мунди“.

Од здружението за заштита на животните велат дека очекуваат темелна истрага и најстрога казна за сите инволвирани во овој грозоморен случај.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата