29 лица се затруја со храна во ресторан со мишелин ѕвезда

22.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
29 лица се затруја со храна во ресторан со мишелин ѕвезда

Ресторанот со мишелин ѕвезда во шпанскиот град Валенсија се во центарот на вниманието откако 29 лица добија труење со храна и една жена почина од истото.

46-годишната жена умрела по јадење оброк во ресторанот „Риф“ во медитеранскиот крајбрежен град, а здравствени власти во градот, исто така, идентификуваа уште 28 лица кои добиле труење со храна откако го посетиле ресторанот, се вели во едно соопштение.

Жената, која не е идентификувана, почина во нејзиниот дом рано наутро. Нејзиниот сопруг и 12-годишниот син, исто така, претрпеле труење со храна, велат властите.

Сите 29 жртви јаделе во „Риф“ меѓу 13 и 16 февруари. Инспекторите за храна го посетија ресторанот на 18 февруари, но не најдоа никакво објаснување за тоа што би можело да придонесе за појава на епидемијата, се вели во соопштението од одделот за јавно здравје.

Инспекторите зедоа  примероци од храна користени во менито за дегустација, кои беа испратени до шпанскиот национален токсиколошки институт за анализа.

Сопственикот на ресторанот јавно се извини за инцидентот и рече дека соработува со властите кон утврдување на она што се случило. Тој додаде дека ресторанот ќе остане затворен додека да се утврди што точно го предизвикало труењето.

Ресторанот „Риф“ има една мишелин ѕвезда, престижно достигнување во кулинарскиот свет.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата