Се чекаат резултатите од тестирањето на брачен пар Струмичко сместени во карантинот во Маврово

2.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се чекаат резултатите од тестирањето на брачен пар Струмичко сместени во карантинот во Маврово

Брачен пар од Струмичко што е сместен во карантин во Маврово, од синоќа се наоѓа на инфективното одделение во гостиварската болница. Двајцата се тестирани и се очекува во текот на денот да биде потврден нивниот статус. Во Гостиварско досега се тестирани педесетина лица и има само еден позитивен на Ковид19.

– Синоќа добивме дојава од карантинот на хотелот „Макпетрол“, едно лице се пожалило на кашлица и повишена температура. Набрзо потоа, наша екипа, заедно со неговата сопруга се примени и сместени на инфективното одделение. Направен е коронатест и ги очекуваме резултатите, изјави за МИА Јакуп Јакупи директор на Општа болница „Др Ферид Мурад“.

Брачната двојка која е од Струмичко, во неделата допатувале од Словенија и биле сместени во државен карантин во Маврово.

Јакупи информираше дека изминативе седум денови на инфективното одделение биле примени девет лица, од кои пет се негативни на ковид19, а за останатите се чекаат резултатите. Жената која измнативе денови се лечеше на инфективното оддление, денеска треба да биде отпуштена.

Гостиварската болница, според Јакупи се справува со новонастаната ситуација, но во наредниот период може да се соочи со недостиг на заштитни маски и упати апел до сите кои се во можност да донираат и на тој начин да помогнат. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата