ЕУ бара 3,8 милиони нови работници, само во Германија повеќе од милион

22.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЕУ бара 3,8 милиони нови работници, само во Германија повеќе од милион

Европската Унија бара три милиони и 800 илјади работници, најмногу медицински лица, експерти и квалификувани работници од металната индустрија, како и лица на сферата на информативната технологија, покажаа податоците на статистичката служба „Еуростат“.

Недостигот од експерти и работници во ЕУ бележи пораст и тоа 27 отсто само во споредба со 2016 година, кога во 28 земји членки на Унијата имало непополнети три милиони работни места.

Најмногу, над еден милион и 200 илјади, средно и висококвалификувани работници се бараат во Германија, во која од јануари 2020 година ќе стапи на сила одобрување на шестмесечни визи за оние кои сакаат работа, а најголема потреба имаат германските претпријатија.

Мерките се однесуваат на безмалку сите земји надвор од ЕУ, вклучувајќи го Западен Балкан.

Покрај Германија, најголем број работници бараат Велика Британија, Чешка, Холандија, Полска и Белгија.

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата