Дрон на аеродромот во Даблин го запре целиот воздушен сообраќај

22.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дрон на аеродромот во Даблин го запре целиот воздушен сообраќај

Аеродромот во Даблин привремено ги суспендира сите летови во четвртокот откако над него беше забележано беспилотно летало.

„Од безбедносни причини привремено го укинуваме работењето на @DublinAirport поради забележано беспилотно летало над аеродромот“, напиша аеродромот на својот официјален Твитер профил, додавајќи дека патниците треба да контактираат со нивните авиокомпании за дополнителни информации со летовите.

Беспилотното летало било пријавено на Ирската воздухопловна управа (ИАА) од страна на еден пилот околу 11:30 часот по локално време, соопшти аеродромот.

Помалку од еден час подоцна, аеродромот соопшти дека продолжува со работа и се извини за непријатностите.

„Безбедноста и сигурноста на патниците ни е секогаш приоритет“, напишаа тие на Твитер.

Во Ирска управувањето со беспилотни летала е забрането во радиус од пет километри од аеродромот, додека пак беспилотните летала што тежат повеќе од 1 килограм мора да бидат регистрирани во ИАА, изјавија од аеродрмот.

Инцидентот на аеродромот во Даблин следува по оној од декември кога аеродромот „Гетвик“ беше затворен 36 часа од истата причина, како и двата инциденти на аеродромот во Њу Џерси и „Хитроу“ во Лондон.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата