Мажи БРИЧЕТЕ БРАДИТЕ - брада и маска лоша комбинација за заштита од КОРОНА!

2.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мажи БРИЧЕТЕ БРАДИТЕ - брада и маска лоша комбинација за заштита од КОРОНА!

Од Универзитетската болница во Нанси,  една од најдобрите болници во Франција, доаѓа предупредувањето за можната неефикасност на маската ФФП2 за лицата со брада, јави дописникот на МИА.

-Носењето брада ја прави маската ФФП2 неефикасна, вели Сирил Махие, секретар на синдикатот „Форс Увриер“ при универзитетската болница во Нанси.

Прашањето беше покренато за време на еден од дневните состаноци помеѓу раководството на болницата и синдикатите и „дирекцијата на болницата го потврди она од што се плашевме“, објаснува Сирил Махие.

- Со влакната од брадата, хереметичноста/непропустливоста помеѓу маската и кожата на лицето не може да се направи правилно и затоа персоналот кој носи брадата со маска ФФП2 се изложува на коронавирус, иако мисли дека се заштитени, забележува претставникот на синдикатот.

-Побарав да се испрати меморандум до раководителите на различните сервиси во болницата, за да се информира целиот засегнат персонал, вели синдикалистот. Многумина од медицинскиот персонал ќе мора да ги бричи брадите за да дишат поспокојно под маската ФФП2, како што се издадени директиви во одредени болници, на пример Саутемптон во Велика Британија или Квебек.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата