Откриен најочигледниот симптом на корона вирусот - НЕ Е КАШЛИЦА, А НИ ТЕМПЕРАТУРА

2.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Откриен најочигледниот симптом на корона вирусот - НЕ Е КАШЛИЦА, А НИ ТЕМПЕРАТУРА

Научниците од Кралскиот колеџ во Лондон заклучиле дека најочигледен симптом на коронавирусот е губењето на чувството за мирис, пренесува „Ројтер“, повикувајќи се на студија.

Според британската студија, како што објави „Ројтерс“, загубата на сетилото за мирис е забележана кај скоро 60 проценти од пациентите за кои е утврдено дека се позитивни за Ковид-19 и кај 18 %, чиј тест за коронавирус бил негативен.

Според нашите податоци, а во комбинација со други симптоми, кај лицата кои го изгубиле чувството за мирис, веројатноста дека се позитивни на„ Ковид-19 “е три пати поголема, па затоа е потребно да се самоизолираат седум дена за да се намали ширењето на инфекцијата, изјави професорот од лондоскиот колеџ, Тим Спектор.

Според агенцијата, ваквиот мониторинг ги натерал научниците да заклучат дека губењето на чувството за мирис, наместо висока температура, е најистакнатиот симптом на инфекција со вирусот.

Според „Ројтерс“, научниците понатаму развиле модел кој ни овозможува да утврдиме, врз основа на тоа кои комбинации на симптоми, поточно може да се предвиди дека некое лице е заразено со Ковид-19. Овие симптоми вклучуваат губење на мирис и вкус, треска, сува кашлица, малаксаност, дијареја, болки во стомакот и губење на апетит.

Во исто време, според мислењето на експертите од Британското здружение за отоларингологија, овој симптом може да биде и индикација за инфекција на некој вид на коронален вирус, освен САРС-КоВ-2О.

Научниците советуваат дека треба да се посвети внимание и на очите. Американски експерти објасниле дека иритацијата на очите и непријатната сензација можат да бидат знак на воспалителен процес во организмот предизвикан од коронавирусот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата