Откриено каде во домот најмногу се задржува КОРОНА ВИРУСОТ

2.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Откриено каде во домот најмногу се задржува КОРОНА ВИРУСОТ

Неодамнешното тестирање спроведено во дом на пациент заразен со вирус, открило дека тоалетната школка, мијалникот и кваката на тоалетот се најконтаминирани.

Студијата спроведена од д-р Шон Веи Ксијанг Онг од Националниот центар за заразни болести во Сингапур открила дека не е откриен вирус на заштитната опрема, како ни во ходникот.

Најризична просторија за пренесување на вирусот е тоалетот затоа што откако водата се пушта во тоалетот, вирусот се шири низ просторијата и ги загадува околните области во самиот тоалет.

- Очигледно, мора да се води дополнителна грижа за дезинфекција на тоалетот по секоја употреба, како и темелно миење на рацете, предупредува д-р Арон Глат, началник на болницата Маунт Синај Јужен Насау во Њујорк.

- Ако не правиме темелно миење на рацете и дезинфицирање на тоалетот по употреба, постои зголемен ризик од зараза, пренесува Business Insider.

Д-р Онг ги тестирал домовите на тројца заразени пациенти кои биле изолирани дома. Секој од нив добил 26 примероци од просторијата каде што минувале најмногу време, од тоалетот и ходникот што водат кон тоалетот. Примероци биле земени и од лекари кои ги посетувале изолираните.

Тестовите направени по чистењето на овие простории покажале негативен резултат. Но, кога биле направени тестови пред дезинфекција на просториите на три места од пет пронајдени се вируси во тоалетот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата