Шокантна исповед на Маричиќ за средбата со Горбачов! “Зошто не ни помогнавте?! – Не ни паѓаше на памет да и помогнеме на Србија...

2.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шокантна исповед на Маричиќ за средбата со Горбачов! “Зошто не ни помогнавте?! – Не ни паѓаше на памет да и помогнеме на Србија...

Водителот Миломир Мариќ раскажал во утринска програма детали за неговата средба со последниот претседател на СССР Михаил Горбачов.

Мариќ се потсетил на една средба која се случила во Ѓенова на десетгодишна прослава од Перестројка со Горбачов. Во таа прилика го прашал за односот на Русија спрема распадот на Југославија, но и спрема Србија.

- Зошто не ни помогнавте? – го прашав, раскажува Мариќ.

Ми одговори: Не ни паѓаше на памет. Русија го загуби 20. век поради вас луди Срби и Сараевскиот атентат. Мене ми беше важно Србите да не не вовлечат во избивање на нова светска војна. Подобро и ССС мирно да се распадне отколку кланица да се случи како кај вас – тврди Мариќ.

Популарниот водител вели дека Горбачов добро ја познавал српската историја, а она што во продолжение му рекол потполно го дотепало.

- Вие го имате губитнички, мит за Косово, а ние имаме победнички, мит за Петар Велики, а тоа е обединување на германска технологија и руски суровини кои ќе го освојат светот. Јас со Кол се договарав да ги истераме Американците и НАТО од Европа – раскажал Мариќ за својата средба со Горбачов.

Мариќ наведува дека Горбачов не знаел дека маршал Димитриј Јазов и Вељко Кадијевиќ планирале да изведат преврат во Белград и Москва, за да го зачуваат социјализмот.

- Горбачов ми рече: Да знаев што планирале, веднаш ќе ги уапсев – се сеќава Мариќ.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата