Грција стави камп со 2.500 мигранти во карантин

2.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Грција стави камп со 2.500 мигранти во карантин

Грција стави во каранти целиот камп за мигранти, откако 20 баратели на азил биле позитивни на тестот за коронавирус, објави Министерството за миграција.
        
Тестовите врз 63 лица биле спроведени откако 19-годишен мигрант во болница во Атина бил позитивен на „Ковид-19“, со што стана првиот регистриран случај на зараза меѓу илјадници мигранти сместени во преполните кампови низ целата земја.
        
Секое движење внатре и надвор од кампот Ритсон ќе биде ограничено на 14 дена, соопшти Министерството, додавајќи дека полицијата ќе го следи спроведувањето на мерките.
        
Кампот се наоѓа на 75 километри северо-источно од Атина и е дом на околу 2.500 луѓе.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата