Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, објави дека ја повлекува одлуката за информирање во време на пандемијата на коронавирус, со која се забрануваше пониски нивоа на владини и здравствени установи да даваат информации во врска со здравствената состојба на граѓаните.
„Моја вина и глупосе што ја донесовме оваа уредба“, рече Брнабиќ, додавајќи дека и е криво што владината уредба „фрли сенка над сето добро што беше направено“.
Според неа, одлучено е уредбата да биде повлечена на барање на српскиот претседател Александар Вучиќ, јавуваат медиумите во Србија. Со спорната регулатива е предвидено дека информациите за состојбата, последиците и мерките преземени за борба против ширењето на коронавирусот може да ги даде само Кризниот штаб за сузбивање на Ковид-19, предводен од премиерот.Јавноста и медиумите се побунија против регулативата со образложение дека станува збор за класична цензура на медиумите.
извор: Makfax