Грчката црква ќе држи велигденски служби зад затворени врати

2.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Грчката црква ќе држи велигденски служби зад затворени врати

Грчката црква соопшти дека ќе држи литургии зад затворени врати за време на Велигденската недела и ја повика јавноста да ги почитува мерките за борба против коронавирусот, да останат дома и да се молат повеќе, за да ги заштитат своите најблиски.

Светиот Синод, кој се состана под раководство на архиепископот на Атина и цела Грција, Јерином, го поздрави предлогот на министерот за образование и религија Ники Керамеус според кој од  30 март литургиите во црквите и манастирите ќе се држат за време на Велигден зад затворени врати, пренесува грчката агенција АНА.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата