Филипче смета дека ова е лекот

Кој е експертот што ГО УБЕДИ ТРАМП ДЕКА ИМА ЛЕК ПРОТИВ КОРОНА ВИРУС

4.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кој е експертот што ГО УБЕДИ ТРАМП ДЕКА ИМА ЛЕК ПРОТИВ КОРОНА ВИРУС

Контроверзниот француски микробиолог Дидие Раул убеди илјадници луѓе, вклучувајќи го и американскиот претседател Доналд Трамп, дека лекот за маларија, хлорохин, може да спаси луѓе заразени со коронавирус.
По неговото сензационалистичко соопштение, што се случи на крајот на февруари, Раул стана веројатно најпознатиот француски доктор, но и голем проблем за француските власти и здравствените работници кои се повеќе ги напаѓаат приврзаниците на Раул, кој тврди дека политиката на владата против коронавирусите не е добра.

Раул го следат огромен број луѓе на социјалните мрежи и ЈуТјуб, лојални поддржувачи на неговата теорија, а повеќето се згрозени што француските власти не дозволуваат хлорокинот да се користи слободно во третманот, пишува Политико.

Но, пред некој да се воодушеви од големото „откритие“ на еден необичен доктор, кој досега ја тестираше својата студија за придобивките од хлорокин во третманот против „Ковид-19“ на само 24 лица, треба да се погледне кој навистина е Дидие Раул.

Опишувајќи се себеси како „бунтовник“ во медицинската заедница, овој 68-годишник го заработил угледот во микробиологијата преку својата работа на масовни вируси. Но, со текот на годините, тој беше придружуван од голем број контроверзи во врска со скептичните коментари што ги даде за еволуцијата, климатските промени, некои вакцини, па дури и влијанието на прекумерното сончање и потрошувачката на алкохол врз организмот.

 - Не ми е гајле што мислат другите. Јас сум бунтовник, тој што зачекорил подалеку од секој друг - скромно коментира за локалниот весник Ла Прованс.

Раул инаку беше назначен во првиот научен комитет формиран од францускиот претседател Макрон за да го советува за епидемијата на коронавирус, но набргу престана да присуствува на состаноците откако не се согласи со другите членови за тестирање и скрининг за потенцијално заразени лица.

Владата во Париз соопшти дека нема никаков спор меѓу нив и Раул, а францускиот министер за здравство Оливие Веран во сабота изјави дека продолжува да се консултира редовно со професорот Раул. Но, тој додаде дека немало консензус меѓу научниците за предлозите на Раул, а уште помалку за примена на резултатите од неговата студија за хлорокин.

 - Кој сериозен министер за здравство би му кажал на францускиот народ да започне со земање на лек што може да предизвика проблеми со срцето врз основа на само една студија спроведена на 24 лица? изјави Веран неодамна.

Владата, сепак, дозволи употреба на хлорокин во третманот на некои пациенти „Ковид-19“, но само под строг медицински надзор, само по одобрување од Советот за јавно здравје, кој рече дека може да се користи само во најтешки случаи.

Покрај вниманието на министерот за здравство, Раул има повеќе од половина милион следбеници на социјалните мрежи. Но, се повеќе го следат и теоретичарите на заговор кои ги користат неговите тврдења како аргументи во нивните онлајн тиради за вирусот. Количината на лажни вести што се произведуваат за корона вирусот веќе стана сериозен проблем за француските власти кои неколку пати мораа да ја предупредат јавноста за ширењето на дезинформации.

Франс радио објави дека некои пациенти им се заканувале на властите со тужби доколку во болниците не им се обезбеди хлорохин, некои корисници на Фејсбук објавиле и таканаречени „хлорохидни дневници“, а некои аптеки во Франција биле преплавени со барања за холокин, лек првенствено против маларија.

Додека владата се мачи со Раул, политичарите од екстремната левица и екстремната десница, како Жан-Лук Меленхон и Марин Ле Пен, се согласуваат со него.

Ианку, со одлука на министерството за здравство лекот против маларија во комбинација со Сумамед се користи од неодамна и во Македонија. САД, каде Трамп јавно ја промовираше оваа метода и лек, станаа најголемо жариште на корона вирус во светот.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата