МИХАЕЛА ЈА ДОБИ БИТКАТА СО КОРОНАВИРУСОТ: Се чувствувам како најсреќниот човек на светот! (ВИДЕО)

1.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
МИХАЕЛА ЈА ДОБИ БИТКАТА СО КОРОНАВИРУСОТ: Се чувствувам како најсреќниот човек на светот! (ВИДЕО)

Бројот на излекувани лица од новиот коронавирус Македонија почна да расте и тој изнесува 17 лица кои го победија вирусот. Скојдневно по социјалните мрежи гледаме лица од целиот свет кои ја ја добиле битката и кои ги споделуваат своите искуствата и шират позитивна енергија, со апел да се седи дома.

Една од нив е Михаела Јаневска од Скопје, која го победи коронавирусот, откако се зарази пред две недели.

Таа на на својот Фејсбук профил сподели емотивно видео во кое преку песнаим се заблагодари на  сите медицински работници кои се грижеле за неа, како и за пациентите кои сe уште се во болница.

„Откако се изборив со корона вирусот и ја напуштив болницата со два негативни теста, се чувствувам како најсреќниот човек на светот. Многу сум среќна што сум конечно дома, бидејки своеволно отидов директно од авион во болница.

Големо благодарам до сите доктори и медицински сестри кои се грижеа за мене и продолжуваат да се грижат за сите останати.

Денеска пеам за сите нив и за сите пациенти кои се се уште во болница. Ова е за вас!“, вели Михаела

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата