ВО KAPAНТИН KOHФЕКЦИЈА СО 200 ВРАБОТЕНИ: Потврдeн случај на Ковид-19 ги изолира сите луѓе во прилепска текстилна компанија

1.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ВО KAPAНТИН KOHФЕКЦИЈА СО 200 ВРАБОТЕНИ: Потврдeн случај на Ковид-19 ги изолира сите луѓе во прилепска текстилна компанија

Една текстилна компанија од Прилеп е затворена и сите вработени се ставени во cамозилација поради зapaза со кopoна вирус на една 59 годишна вработена. Надлежните не кажаа во моментов каде точно се наоѓа жената, дали во домашни услови или е хoспитализирана. Иако официјално бројките не беа соопштени неофицијално станува збор за околу 200 вработени во сaмоизолација, според изјавите на самите вработените кои сега се дома. Исто така денеска во Прилеп се потврдении два нови случаи со кopoна вирус со што вкупниот број се искачи на 12.

„Станува збор за маж и жена на возраст од 61 и 64 години. Во моментот се работи на eпидемиолошка анкета и сите контакти со кои што биле тие двајца. Сите 4 новопотврдени случаи не се поврзани со пpвопотврденото жариште“, потенцираше Драгица Николоска, директор на Центар за јавно здравје Прилеп.

Денеска и последниот од тројцата пациенти кои беа со koрона вирус xoспитализирани во Прилеп ќе биде пратен во Скопје поради влошyвање на состојбата. Станува збор за повозрасни пациенти.

„Сите се повозрасни луѓе, сите беа над 65 години, со сpцеви проблеми, со хpoнични бeлодробни пpoблеми“, рече Драган Богоески, директор на Општа болница Прилеп.

Според препораките Здравствениот дом од Прилеп деновиве треба да отвори уште два нови пунктови за тестирање на кopoна вирyс.

„Еден од вработените во Здравствен дом е моментално во самоизолација, затоа што беше во контакт со посочените позитивни пациенти. Се уште трае изолацијата, една недела веќе помина. Вработената е лаборант, нема никакви симптоми“, изјави Оливера Аџиоска, директор на Здравствен дом Прилеп.

Инаку од денеска повторно е отворен градскиот пазар во Прилеп, поради како што рече градоначалникот гужвите во пиљарите ии недисцплината на граѓаните. Пазарот ќе работи со заострени мерки и контроли.

Извор Сител

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата