Неофицијалното светско првенство во тенис, легендарниот Вимблдон и официјално е откажан. Ова се случува првпат по Втората светска војна, а причина е пандемијата на коронавирусот КОВИД-19.

Турнирот требаше да се одржи меѓу 29 јуни и 12 јули. Вимблдон е последната голема летна спортска манифестација што се одложува, заедно со Евро 2020 и Олимпијадата во Токио кои беа одложени за една година.

Следува одложување и на Францускиот опен, популарниот Ролан Гарос кој требаше да започне во мај, но беше презакажан од 20 септември до 4 октомври.