СДСМ: Презедовме морални чекори и покрај тоа што вработувањата беа транспарентни

22.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СДСМ: Презедовме морални чекори и покрај тоа што вработувањата беа транспарентни

СДСМ презел морални чекори и покрај тоа што процесот на вработување бил транспарентен и законски, а лицата целосно ги исполнувале критериумите, велат од владејачката партија по обвинувањата за непотизам што денеска ги изнесе портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Од СДСМ апелираат до најголемата опозициска партија да побара од своите членови да ги повлечат роднините од позициите кои им ги обезбедиле за време на 11-годишното владеење.

„Еве шанса на ВМРО-ДПМНЕ да се докаже, нека побара од своите сопартијци да ги повлечат своите роднини од позициите кои им ги обезбедиле за време на нивното 11-годишно владеење. Таткото и сестрата на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, вработени во ЦУК и МВР нека се откажат од работните места. И оние 625 лица во РЕК Битола вработени преку партиски списоци на ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ.

Додаваат дека за ВМРО ДПМНЕ моралот е непозната категорија, со оглед на тоа дека никогаш не бил применет ниту, пак, признаен.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата