Млад дилер фатен како продава кокаин во Охрид

1.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Млад дилер фатен како продава кокаин во Охрид

На 31.03.2020 година во 20:20 часот на бул.„Туристичка“ во Охрид, при извршен преглед врз А.М.(23) од Охрид,  пронајдени се и одземени три најлонски ќесички со кокаин.

Дополнително, по извршен претрес во неговиот дом, пронајдени се кокаин и марихуана, подготвени за натамошна продажба.

А.М. е приведен и лишен од слобода, а по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата