Филипче: Инфектолог од Куманово е заболен од коронавирус, а негов колега од Штип е во самоизолација

1.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Филипче: Инфектолог од Куманово е заболен од коронавирус, а негов колега од Штип е во самоизолација

Во моментов еден инфектолог од Куманово е заболен од Ковид-19, а еден од Штип е во самоизлоација, одговори  на прашање на денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Во Македонија има 60 инфектолози. Од нив, 23-24 работат на Клиниката за инфективни болести во Скопје, а останатите во одделнијата ширум државата. Генерално, имаше дефицит на лекари. Во изминативе две години дадовме повеќе од пет илјади согласности за вработување. Вработени се близу 800 лекари и над илјада медицински сестри. Добар дел од нив се упатени на специјализација. Имаше огромна потреба од кадар во здравствените установи. Бевме соочени со недостаток на лекари, посебно од одредени специјалности во одредени болници, рече Филиче.

Инаку денеска до 12 часот во Македонија има регистрирано 354 заразени лица од Ковид-19 од кои 17 се излечени, а десет се починати. Меѓу заболените има и медицински лица.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата