Во Србија нови пет смртни случаи од Ковид-19, досега вкупно 28

1.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Србија нови пет смртни случаи од Ковид-19, досега вкупно 28

Во Србија, во последните 24 часа регистрирани се нови 160 лица заразени со коронавирус и пет нови смртни случаи, објавија денеска здравствените власти.

Досега има 1.060 инфицирани и 28 починати.

Во однос на петмината починати, соопштено е дека станива збор за машки лица, со просечна старост од 61,2 години и дека сите имале и други здравствени потешкотии кои придонеле за фаталниот исход.

Досега во Србија тестирани се 4.371 лице, а од заразените 72 се на респиратори.

Од досега починатите има 21 маж и седум жени, со стапка на смртност од 2,64 проценти.

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата