Поставени два пункта за дезинфекција на возилата кои влегуваат во Штип

1.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Поставени два пункта за дезинфекција на возилата кои влегуваат во Штип

Денеска се ставени два од три пункта за дезинфекција на возилата кои влегуваат во општина Штип.

Тоа се влезот од Скопје кон Штип кај Републичката полиција, влезот од Струмица и Радовиш кон Штип кај училиштето „Искра“ и дополнително од утре ќе се работи на пункт кај влезот од Кочани кон Штип поточно кај индустриската зона „Македонка“.

„Општина Штип ги презема сите мерки и чекори коишто се во насока на поголема заштита на граѓаните, на сите возила коишто влегуваат и доаѓаат од околните градови. Морам да напоменам дека останатиот дел од градот, постојано се дезинфицира преку ТППЕ и ЈП „Исар“. Дезинфицирани се улиците, плоштадите, јавно прометните површини и влезовите од станбените згради“, истакна градоначалникот Благој Бочварски.

Полицијата ќе ги контролира сите пунктови кадешто возилата кои влегуваат во градот мора да ги поминат и ќе се изрекува казна доколку одредено возило го заобиколува овој пункт за дезинфекција.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата